Европската банка за обнова и развој даде заем од 50 милиони евра гарантиран од државата за железнички возни средства и енергетска ефикасност. Патувањето со воз во Македонија ќе стане полесно и поеколошко благодарение на финансирањето на програмата за модернизација од страна на ЕБОР, од која ќе имаат корист и патниците и превозниците во товарниот сообраќај. ЕБОР одобри заем од 50 милиони евра на Националното претпријатие за железнички транспорт, "Македонски Железници -Транспорт" (МЖТ), за да инвестира во нови возни средства и да ја зголеми енергетската ефикасност на своите активности. Во услугите на МЖТ, кои се реализираат на мрежа од вкупно 700 километри, инвестирано е многу малку од почетокот на деведесеттите години досега, а просечната старост на постојниот возен парк е меѓу 30 и 45 години.
Европската банка за обнова и развој даде заем од 50 милиони евра гарантиран од државата за железнички возни средства и енергетска ефикасност.
Патувањето со воз во Македонија ќе стане полесно и поеколошко благодарение на финансирањето на програмата за модернизација од страна на ЕБОР, од која ќе имаат корист и патниците и превозниците во товарниот сообраќај.
ЕБОР одобри заем од 50 милиони евра на Националното претпријатие за железнички транспорт, "Македонски Железници -Транспорт" (МЖТ), за да инвестира во нови возни средства и да ја зголеми енергетската ефикасност на своите активности.
Во услугите на МЖТ, кои се реализираат на мрежа од вкупно 700 километри, инвестирано е многу малку од почетокот на деведесеттите години досега, а просечната старост на постојниот возен парк е меѓу 30 и 45 години.
Како резултат на тоа, патничките и товарните услуги во Македонија се често несигурни и неефикасни од аспект на користење на горивото.
Истиот ќе биде наменет и за подобрување на енергетската ефикасност на работилниците за одржување на МЖТ и за воведување систем за управување со енергетска ефикасност на ниво на целото претпријатие.
Неповратните средствата за техничка помош од Специјалниот акционерски фонд на ЕБОР ќе помогнат во модернизацијата на начинот на кој работи МЖТ, со тоа што ќе се одделат патничкиот и товарниот превоз.
„Подобрувањето на квалитетот на железничките услуги во Македонија и намалувањето на потрошувачката на енергија се важни цели на овој прв проект на ЕБОР со МЖТ, од кој ќе има полза целата економија", изјави Елена Урумовска, претставник на ЕБОР за Македонија.
Проектот ќе овозможи подобрување на квалитетот на услугите што ги нуди железницата на клиентите, како и за намалување на емисија штетни материи во воздухот и подобрување на енергетската ефикасност на возниот парк.
„Со обновување на возните средства, МЖТ значително ќе ја подобри ефективноста и ефикасноста на нејзините активности поврзани со патничкиот и товарниот сообраќај", рече генералниот директор на МЖТ, Оливер Деркоски.
„Железницата е најекономичниот вид транспорт и едно од барањата на бизнис секторот за подобрување на бизнис климата во земјава. Но, во железницата има потреба од инвестиции, бидејќи она со што располагаме во моментот е далеку под нашите потреби. Затоа Владата почнува со еден инвестициски пакет во железничикиот сектор", рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Заемот на ЕБОР, кој е обезбеден со гаранција од државата и има период на отплатување од 15 години, ќе се искористи за набавка на шест нови патнички воза и 150 вагони, како и за поправка на три електрични локомотиви.